(Вознемирувачки видеа) Најмалку 1.850 убиени во протестите во Иран, бројката на загинати најверојатно е многу поголема

Во антивладините протести во Иран, кои започнаа на 28. декември, досега се убиени најмалку 1.850 лица, претежно млади до 30 години, пренесуваат светските агенции.

Меѓу убиените се и дестина деца на возраст до три години, како и припадници на силите на режимот.

Се стравува дека бројката на загинати е многу поголема. На социјалните мрежи се споделува бројка од над 12.000 загинати. Бидејќи од минатата недела е исклучен интернетот, како и мобилната комуникација, никој со сигурност неможе да ги потврди овие бројки.

Протестите во Иран започнаа поради економската криза, високата инфлација и цените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Иран

(Вознемирувачки видеа) Убиени над 500 лица: Масакар во Иран

Фото: Унсплеш/видео: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести