Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа, Албанија.
Таму меѓу друго беше и за откривање на споменик во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор е тој.





Од таму порача дека на Македонија ѝ е потребно национално обединување и заедништво околу клучните државни интереси.
„Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, порачал тој пред присутните според неговата објава на Фејсбук.
Тој им оддаде и признание на Македонците во Албанија, нарекувајќи ги “нераскинлив дел од македонското национално ткиво“.
“Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави.
Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка“, порачал тој.
Фото: Фејсбук/Мицкоски














