Не се откажуваат од подршката за Данска: Осумтте европски земји со заедничка изјава откако САД им воведе царини заради Гренланд

Членките на НАТО, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство, за кои САД воведе нови повисоки царини поради нивната подршка на Данска за прашањето со Гренланд, денеска реагираа со заедничка изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД воведе нови царини за осум европски земји, оти се на страната на Гренланд

Тие предупредуваат дека “заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и ризикуваат опасна спирала надолу“.

-Ќе продолжиме да бидеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на зачувување на нашиот суверенитет, порачуваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германските војници го напуштија Гренланд

Тие ја повторуваат својата посветеност на зајакнување на безбедноста на Арктикот и оценуваат дека воената вежба „Арктичка отпорност“, во која веќе учествуваат некои од посочените земји, не претставува закана за ниту една земја.

-Ние сме во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд. Надоврзувајќи се на процесот започнат минатата недела, подготвени сме да се вклучиме во дијалог заснован на принципите на суверенитет и територијален интегритет, зад кои цврсто стоиме, велат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој ќе “владее„ со Арктик, за кој Русија има интерес

Како Гренланд стана дел од Данска

Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести