Неколку пожарникари повредени при гаснењето на „Макпрогрес“: Чизмите им останале во стопениот шеќер, згазнале во стопна смола

Пожарот во фабриката „Макпрогрес“ целосно е ставен под контрола, опожарени се три линии означени со 6,7,8 од кои два магацини, а спасени се линиите од 1 до 5, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Во гаснењето на пожарот неколкумина пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.

„При обидот да ги одглават стопалата, чизмите им останале во стопениот шеќер и згазнале во стопената смеса“, додаде Ангелов.  

Во гаснењето на пожарот, учествувале пожарникари од Територијалните противпожарни единици на Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница, во гаснењето вклучени пожарникари од три општини

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести