Нема да дозволам да биде извалкано моето име, вели Бислимоски по кривичната од Финансиската полиција

Откако денеска Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, на прес конференција посочи дека ќе го следи процесот, дека ќе ги стави на располагање сите информации до надлежните институции, посочувајќи дека не ја прекршил законската регулатива за што е осомничен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика од Финанската полиција

-Во наредниот период ќе се обидам да го докажам, ќе го следам целиот процес кој се случува, и нема да дозволам на ниту еден начин, имајќи предвид дека сум и татко, и сопруг, и брат, и пријател, да биде извалкано моето име.

Сè што стои на располагање, јас ќе го дадам на соодветните институции и цврсто сум сигурен дека ќе докажеме дека апсолутно немало никакво прекршување, ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање, рече тој меѓу друго.

Тој посочи дека во РКЕ не постоел повластен статус за ниту една компанија и дека постапките при одземање на лиценци се утврдувани од сериозен тим од Регулаторната комисија за енергетика.

-Никогаш, ама буквално никогаш, немало повластена компанија или пак компанија за која што се водени постапки спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценцирање, рече тој, подвлекувајќи дека времето ќе покаже дали кривичната е политички притисок.

Тој појасни дека постапките за лиценците се спроведувале идентично за повеќе компании, при што кај дел од нив завршиле со одземање на лиценцата, а кај други не, доколку во текот на постапката се утврдело дека не се исполнети условите за одземање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За одземањето на лиценцата на Тритерол петрол е постапено според закон и Правилникот, велат од РКЕ, по кривичната за Бислимоски

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести