Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари. Истата е повисока за 8,3% во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари пак изнесувала 70.066 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,9%, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1% и Преработувачка индустрија за 10,5%.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7,4%, Градежништво за 5,3% и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3,8%.














