Вработена во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани, денеска сведочеше на рочиштето за „Пулс“.
Таа меѓу друго рече дека Дирекцијата со години немала инспектор во градот и не била примена документација во врска со „Пулс“.
Во рамки на нејзините работни задачи било прегледување на документација доставена од управители на фирмите во врска со правилници за заштита од пожари и опасни материи, а во врска со „Пулс“, таква документација немало.
Таа исто така кажа дека откако е вработена во подрачното одделение на ДЗС во Кочани немало инспектор за заштита и спасување, кој треба да ја провери фактичката состојба, според документација што таа ја прегледува.
Станува збор за документи што ги приложуваат управителите на фирмите, а се однесуваат на прописите од правилникот за заштита од пожари и опасни материи.
Како што појасни, според Законот за заштита и спасување, во зависност од намената на објектот, се гледа кои работи треба истиот да ги сочинува, во зависност од квадратурата и намената.
„Доколку имаме објект во градба или пренамена, елаборат за заштита и спасување, според закон е должен да изготви инвеститорот, односно проектантот. Целата документација за градежна дозвола ја прикачува општината, на којшто ние како подрачна единица имаме рок од пет дена да се произнесеме. Исто е и за градба и за пренамена“, рече сведокот.
Судењето продолжува на 12. март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














