Горан Игновски, сопственикот на продавницата „Де аудио“ во скопска Кисела Вода која нуди опрема за сценски ефекти, денеска сведочење на рочиштето за пожарот во „Пулс“.
Тој тврди дека прскалките користени кобната вечер, не биле купени од кај него.
Во своето сведочење кажа дека продавал прскалки со домет највисок до два метри, а тие во т.н. дискотека биле со домет од повеќе од три метри, какви што рече дека се продаваат на Бит пазар.
Според видеата што ги видел, смета дека прскалките биле со домет од три и повеќе метри, поради што настанало и пожар.
На констатацијата на одбраната дека употребените прскалки во Кочани се од марката „Тропик“, тоj одговори дека претпоставува дека се набавени од фабриката во Бугарија, „Тропик“.
Во сведочењето исто така истакна дека ДНК “запалиле“ платно и звучници на настап во ресторан во Гевгелија.
Игновски во своето сведочење, ја објаснуваше и разликата во ладни и топли прскалки, нивната функција и намена, како и разликите во цена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














