“Стентон Градба“ ќе го гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Градежната компанија Стентон Градба е изведувач на проектот за изградба на нов универзитетски објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, чиј камен темелник беше поставен во петокот, 7. март.

Станува збор за капитален зафат од областа на високото образование и градежништвото, кој претставува значајна инвестиција во современа образовна инфраструктура.

Според предвидената проектна документација, вкупната површина опфатена со објектот и партерното уредување изнесува 31.434,14 метри квадратни. Максималната површина за градба на приземје е планирана на 18.860 метри квадратни, додека максималната развиена површина на сите нивоа ќе достигне 113.160 метри квадратни.

Објектот е предвидено да биде изграден со катност приземје плус пет ката, што укажува на обемен и функционално комплексен градежен проект. Истиот ќе се гради на просторот на поранешната касарна „Илинден“.

Со овој ангажман, Стентон Градба се јавува како изведувач на проект со значајни технички и организациски барања, кој покрај самата изградба на објектот го опфаќа и партерното уредување како важен сегмент од идниот универзитетски комплекс. Размерот на површината и планираната катност упатуваат на објект што ќе има суштинска улога во развојот на просторните и функционалните капацитети на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Од Универзитетот посочуваат дека станува збор за значаен проект што означува нова етапа во развојот на образовната инфраструктура и научната дејност во земјата.

Проектот за новиот универзитетски објект претставува важен чекор кон унапредување на условите за високо образование, а воедно ја истакнува и улогата на домашната градежна оператива во реализација на објекти од големо јавно значење, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Еве како ќе изгледа универзитетскиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, кој почна да се гради

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести