Вчера во Скопје беше поставен камен-темелникот на новиот универзитетски кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“.
Истиот ќе биде на локацијата на поранешната касарна „Илинден“.
Изградбата ќе чини 42 милиони евра.
Ќе биде на површина од околу 31.000 квадратни метри, а ќе биде современ академски комплекс со амфитеатри, студентски простори и спортска инфраструктура, вклучително и спортски сали и базен.
Од планираните средства за изградба, 40 милиони евра се за самата изградба, а околу 2 милиони евра за надзор.
Фото/видео: Меџети/Фејсбук














