Кој е Александар Јовановски, новиот директор на Комунална хигиена

Скопското јавно претпријатие Комунална хигиена со денови е во фокусот на јавноста откако сега веќе поранешниот директор Сабахадин Рустеми, заврши во затворски притвор. Тој е осомничен за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи и си поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена, кој е приведен

Од Град Скопје вчера информираа дека градоначалничката Данела Арсовска за нов директор на претпријатието го именувала Александар Јовановски.

Кој е Јовановски

Јовановски веќе неколку години работи во Град Скопје, а на новата позиција доаѓа како инспектор во Секторот за инспекторат во Градот.

Претходно работел и во Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Има и повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица.

Работел и во Здружение за заштита и унапредување на животната средина, како и на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти.

Дипломирал менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Поседува и меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје

Колку советници и помошници има директорот на Комунална хигиена кој поднесе оставка

Каков имот пријавил директорот на Комунална хигиена Рустеми, кој заврши во притвор

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести