Актуелниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџети, кој беше кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир, на владејачката коалиција Вреди, победи уште во првиот круг и е нов градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изет Меџети го победи Бујар Османи уште во првиот круг
Тој го победи кандидатот на ДУИ и коалицијата, Бујар Османи, кој е поранешен министер за здравство и надворешни работи.
Како што најави пред извесно време Меџети, прв вицепремиер ќе биде поранешниот министер за здравство, Беким Сали, а според него тоа е одлука донесена во рамки на коалицијата.
Засега нема информации дали Сали ќе ја преземе и министерската функција на Меџети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреди доби пет градоначалници во првиот круг
ДУИ и коалицијата добија четири градоначалници во првиот круг
Фото: Вреди/Фејсбук