(Видео) Израел го нападна Иран, нова војна на повидок

Израел синоќа го нападна Иран. Цел на нападот беа стотина нуклеарни и ракетни постројки низ земјата.

Таргет на израелската воена операција се и високи воени ирански лидери и нуклеарни научници.

Според иранските државни медиуми, убиен е командантот на Исламската револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами, началникот на генералштабот, генерал Мохамад Багери, и најмалку уште еден висок генерал.

Потврдена е и смртта на шест водечки нуклеарни научници.

Иран најави силен одговор.

Израел прогласи вонредна состојба на национално ниво и го затвори својот воздушен простор, а Иран ги суспендираше летовите од меѓународниот аеродром во Техеран.

Израелските политички лидери се евакуирани на безбедна локација.

САД тврдат дека Израел дејствува сам, без нивна помош, а бројни светски лидери го осудија нападот на Израел и предупредија на ескалација во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските државјани да не патуваат во Израел и Иран, апелира МНР

Фото: архива/Израелска армија/Фејсбук/видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести