Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар, а на Еуродизелот (Д-Е V) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 75,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 77,5 денари за литар, а на дизелот, 72,5 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.
За 0,806 денари се намалува цената на Мазутот М-1 НС и таа сега ќе изнесува 35,621 денари за килограм.
Фото: Унсплеш












