Обвинителство стои на располагање за средба со родителите на загинатите во Кочани

Основното јавно обвинителство соопшти дека стои на располагање за директна средба со семејствата на загинатите во трагедијата во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.

Оттаму додаваат дека, доколку има такво барање, во следните денови ќе организираат средба на која ќе ги информираат блиските на жртвите за сите аспекти од поднесеното обвинение, без да ја нарушат натамошната постапка.

„Воедно, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во Обвинителството добија и директен контакт, и им беше посочено дека сите семејства можат во секој момент да се информираат директно во Обвинителството во Кочани за текот на постапката“, велат од таму.

На „Маршот на ангелите“ во саботата, семејствата на загинатите побраа од Обвинителство да им објасни, кој е обвинет, а кој ослободен за пожарот во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите бараат Обвинителството да им објасни кој е обвинет, а кој е ослободен за пожарот во Кочани

Запрена постапката за Панчо од ДНК за пожарот во Кочани

Сите обвинети градоначалници за пожарот во Кочани бизнисмени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести