Од Основното јавно обвинителство Скопје најавија дека ќе ја обжалат ослободителната пресуда за таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет за нејзиното грабнување, односно дека на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо му дал информации за нејзиното движење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, таткото на Вања ослободен
Од таму по денешното изрекување на пресудата за убиството и грабнувањето на Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, посочија дека имале искази од двајца од обвинетите кои рекле дека информацијата за тоа кога девојчето ќе излезе само од дома ја добиле од нејзиниот татко.
Двајцата обвинети за кои зборуваат од Обвинителството, во текот на судењето ги сменија исказите.
Од Обвинителството посочија и дека само родителите можеле да знаат кога детето излегува од дома.