И македонското Обвинителство оформило предмет за петте тони запленета марихуана во Србија, за кои е уапсен и косопственик на фирма од Скопје

И македонското Основно јавно обвинителство оформило предмет за петте тони запленета марихуана во Србија, за кои е уапсен Иван Драгниќ, косопственик на фирмата од Скопје, Алфафарм (Alphapharm Group) ДОО Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е уапсен во Србија

Информацијата за Радио Слободна Европа ја потврдија од Обвинителството, од каде велат дека веќе се преземале конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност.

Од Обвинителството велат и дека на 30. јануари биле информирани за акцијата од српските органи и биле разменети информации и координација на дејствијата, “со цел целосно и сеопфатно откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија запленети 5 тони марихуана од фирма во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести