Од УХМР за денеска и утре најавуваат пороен дожд, град и силен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Процесите ќе бидат поинтензивни особено денеска кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15мл/м2) силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења, од УХМР препорачуваат на голема внимателност, да не се престојува на отворен простор и осамени дрвја.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести