Познати се членовите и кој се ќе управува со Мировниот совет за Газа, кој треба да ја надгледува работата на палестинската технократска влада.
Формирањето на оваа влада и Мировниот совет се дел од втората фаза од мировниот план на САД за окупираниот Појас Газа, дел од Палестина.
Претседател на Советот ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп.
Членови пак се бившиот британски премиер Тони Блер, државниот секретар на САД, Марко Рубио, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, зетот на Трамп, Џеред Кушнер, шефот на Светската банка, Аџај Банга и советникот за национална безбедност на САД, Роберт Габриел, а уште членови дополнително ќе бидат именувани.
Бугарскиот политичар Николај Младенов, поранешен специјален пратеник на Обединетите нации за Блискиот Исток, пак ќе биде претставник на Советот на терен во Газа, кој директно ќе работи со владата, наречена Национален комитет за управа на Газа.
На чело на 15-члената технократска влада ќе биде Али Шат, поранешен заменик-министер во Палестинската самоуправа.
Ќе се формираат и Меѓународните стабилизациски сили, кои ќе ја обучуваат и поддржуваат проверената палестинска полиција. Овие сили ќе ги предводи американскиот генерал Џаспер Џеферс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 100 деца во Газа убиени од Израел за време на примирјето
ОН потврди дека има глад во Газа, Израел се уште не го видел
Фото: Унсплеш













