Пуштено e во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во при Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Вкупната инвестиција е 230 илјади евра, а со реконструкцијата Одделот сега располага со 26 нови болнички кревети, целосно е обновена електричната и водоводната мрежа, реконструирани се санитарните јазли, а инсталирани се и нови врати, проектирани според стандардите за спречување на ширење инфекции.

Станува збор за еден од главните центри за третман на трауматски повреди во земјата, каде во текот на една година се изведуваат околу 1.100 хируршки интервенции, од страна на девет хирурзи-трауматолози.
Фото: МЗ














