33 повредени лица во невремето во Скопје, оштетена кровна конструкција на ГОБ „8 Септември“ и кровот на Клиничката болница во Штип

Во вчерашното невреме во Скопје биле повредени 33 лица, информираа од Министерството за здравство.

Во „Св. Наум Охридски“ помош побарале 22 лица, од кои двајца се задржани на болничко лекување.

Во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) биле примени 11 лица, од кои тројца со скршеници.

Сите повредени се во стабилна состојба.

Од невремето е оштетена и старата кровна конструкција на ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде нема прекин на работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Големо невреме го погоди и Штип

Значителна штета невремето предизвика и на кровот на Клиничката болница во Штип, каде се погодени Одделот за ортопедија и ортопедската сала.

До санирање на штетата, пациентите со скршеници од Источниот регион привремено се упатуваат во други центри, за да добијат соодветен третман без одлагање. Хоспитализираните пациенти се преместени во безбедниот дел од болницата. Останатите медицински услуги функционираат нормално, бидејќи болницата располага со други операциони сали.

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ има паднати дрвја.

Во Психијатриската болница Бардовци има паднати дрвја, без повредени, краткотрајниот прекин на струја е отстранет.

Објектите се осигурени. Осигурителните компании веќе работат на процена на штетата и веднаш потоа се пристапува кон обнова на кровните конструкции, за да се обезбеди непречено функционирање, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку силен бил најбрзиот ветер во Македонија

(Видео) Погодено и единственото кафуле „Централ парк“: Голема штета и во Градскиот парк во Скопје

(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето во Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести