Кои се услови треба да ги исполни Оне Македонија телекомуникации, кој стана трет мобилен оператор

Оне Македонија телекомуникации на унгарската групација Фор-ај-џи е избран за трет мобилен оператор.

Очекувањата се дека со влегувањето на трет мобилен оператор на македонскиот телекомуникациски оператор да има пад на цените на услугите, како и побогата понуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

Кога ќе стартува со работа

За да стартува со работа Оне Македонија телекомуникации прво треба да го плати еднократниот надоместокот за трите фреквенциски опсези, во вкупен износ од 8.020.003 евра.

Компанијата за одобрението А1 треба да плати 4,2 милиони евра, за одобрението Б1, 1,5 милион евра, а за одобрението C1, 2,32 милиона евра.

По уплатата ќе може да се издаде одобрението, а компанијата може да стартува со работа веднаш, односно да побара пристап преку мрежите на постоечките оператори до изградба на своја инфраструктура.

Кои критериуми треба да ги исполни

Првиот критериум што ќе треба да го исполни Оне Македонија телекомуникации е до крајот на март 2027 година еден град да го покрие со 5Г.

До крајот на 2028 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во Македонија треба да ги покрие со непрекинат 5Г сигнал, а до крајот на 2030 година сите градови во државата.

До крајот на 2032 година, секој граѓанин треба да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Со користење на доделените радиофреквенции треба да почне најдоцна во рок од 1 година од датумот на отпочнување на важност на одобрението.

Во областите каде што има слаба или воопшто нема покриеност, ако Оне Македонија телекомуникации планира да гради нов сајт ќе мора да ги консултира и останатите оператори за заедничко инвестирање.

Исто така Оне Македонија телекомуникации ќе мора да обезбеди пристап до пасивна инфраструктура врз основа на разумно барање од други оператори.

Рокот на важност на одобренијата за користење радиофреквенции А1 и С1 е 12 години, односно до 2037 година, а на одобрението В1 – 8 години, до 2033 година, поради усогласување со претходно издадените одобренија на другите два оператора.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести