Притвор за шестмина осомничени за злоупотребите при јавни набавки во прилепската болница

Шест лица од осомничените за злоупотребите при јавните набавки во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп од Основниот суд Прилеп добија затворски притвор од 30 дена, информираа од Судот за државната агенција МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница: Детали од Обвинителството

На 19 осомничени им се одредени мерки на претпазливост, а на седум фирми опфатени во истрагата, Судот им забранил да учествуваат во постапки за јавни набавки.  

Од лицата кои завршија во притвор, четворица се дел од поранешното раководство на болницата, а две се надворешни лица. 

Четворица од осомничените, кои се од машки пол, притворот ќе го издржуваат во битолскиот затвор, а двете жени ќе бидат во затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финансиската полиција влезе во болницата во Прилеп, се истражува местење на тендери

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести