Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 16.40 часот било пријавено дека во атарот на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
Фото: Unsplash














