Откриј го петтиот елемент со новите чипсови на Виталиа

Чипсови има многу, но не секој чипс има карактер.Инспириран од четирите природни елементи, Виталиа ја претставува својата најсмела иновација досега – Elements, нова генерација на air-popped чипсови создадени за сите кои сакаат вистинско крцкаво задоволство, без компромис.

Достапни во 4 вкусови, од длабоките и егзотични ноти на Protein Chips Garam Masala & Curry, преку свежината на Sour Cream & Onion, до интензивниот карактер на Smoked Paprika и чистата едноставност на Mediterranean Sea Salt, Elements не е само избор помеѓу четири вкусови, тоа е момент кога вкусот станува искуство, крцкавоста станува задоволство, а природата добива вкус.

Elements се природно без глутен, богати со растителни влакна, а дел од асортиманот е и вегански.

Протеинскиот вкус Garam Masala & Curry содржи и 20% протеин, нудејќи многу повеќе од едно обично грицкање.

Она што навистина ги прави Elements посебни е начинот на кој се создадени.

Наместо пржење, тие се произведуваат со Air-Popped технологија – комбинација на притисок и топол воздух кој создава исклучително крцкава структура. Резултатот е ужина која го нуди препознатливото задоволство од чипсот, но со сосема ново чувство на леснотија.

И можеби затоа, покрај Земјата, Водата, Огнот и Воздухот, постои уште еден елемент. Петтиот елемент. Елементот на уживањето. Елементот на здравото крцкаво задоволство.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести