Во Скопје е отворен нов шелтер-центар за жртвите на семејно насилство. Град Скопје предаде стан во нивна сопственост на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“.
Договорот го потпишаа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и извршниот директор на Мрежата, Елена Димушевска.
„Со обезбедување на соодветни услови за работа и згрижување, ги зајакнуваме сервисите кои секојдневно обезбедуваат директна помош, советување, заштита и поддршка на жртвите. Од безбедносни причини и за заштита на корисниците, локацијата на станот останува строго доверлива.
Паралелно, преку јавниот повик за финансирање на здруженија, невладини организации и фондации, обезбедивме средства за сите сервиси за поддршка од превенција до директна заштита,“ информираше Ѓорѓиевски.
Фото: Град Скопје














