Немало кој од ДЗС да изврши инспекција во „Пулс“, кажа сведок на денешното рочиште

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, сведочеше сведокот на Основното јавно обвинителство, Живко Ставревски, кој е помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Како и што беше посочено и на претходни рочишта, и тој потврди дека ДЗС за Општина Кочани немала инспектор за проверки и превенција за редовен надзор.

Појасни дека вонредни инспекции во општини кои немаат таков инспектор се вршат по пријава или налог.

До 2020 година во ДЗС не биле предвидени редовни инспекциски надзори во општини во кои нема вакви инспектори, кажа тој, посочувајќи дека ДЗС знаел каде има инспектори од ваков тип, а каде нема.

Ако Општина нема ваков инспектор, според него, задолжувањето за надзор го давал генералниот инспектор, генералниот директор или помошникот на генералниот инспектор, а подвлече и дека не постоело генерално овластување инспектор од друга општина да делува превентивно во Општина Кочани (или друга општина) да врши надзор.

Според негови сознанија во „Пулс“ никогаш немало вонреден надзор.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести