(Видео) Илјадници работници на протестот за поголеми плати во Скопје

Во Скопје денеска илјадници работници излегоа на протестот организиран од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), на кој се придружија и синдикатите од образованието, културата, медиумите, индустријата, трговијата, полицијата…

На протестот меѓу друго беше најавено дека ССМ ќе поднесе законско решение со кое ќе се предвиди намалување на платите на функционерите и зголемување на платите на работниците.

Од ССМ побара минималната плата да изнесува најмалку 600 евра, како и зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра, поради притисокот од високите трошоци за живот.

Доколку не се исполнат нивните барање, тие најавија блокади и генерален штрајк.

Истиот почна од пред Работничкиот дом, каде е зградата на ССМ, а заврши пред Владата.

Фото/видео: ССМ/Слободан Трендафилов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести