Од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) по инцидентот во Општина Кочани, во кој учествуваше нивниот советник Аки Акиов, кој повреди правничка во Општината со пластично шише, обвинија за долготрајна дискриминација и навреди врз Акиов, кој бил мета на расистички испади од друг советник – Васе Алексов, од ВМРО-ДПМНЕ, за што веќе му поднеле кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од партијата обвинија и медиуми за еднострано прикажување на случувањата и погрешно информирање на јавноста.
-Советникот Аки Акиов не е единствениот учесник во настанот – недозволиво е да се занемари суштината и причината. Тој континуирано беше прекинуван и навредуван од страна на советникот Васе Алексов и претседателот на Советот, Лазо Митев (од ВМРО-ДПМНЕ, н.з.), особено при неговите обиди да проговори за трагедијата со дискотеката „Пулс“, каде загинаа млади животи.
Советникот Алексов упати крајно навредливи зборови „Мрш бе, говнар“ кон Акиов, што предизвика силна афектна реакција. Без намера, во тој момент беше погодена вработена во Општината со пластично шише – за што Акиов веќе јавно се извини, и преку оваа реакција уште еднаш изразува искрено жалење, велат од партијата.
За инцидентот реагираше и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) од каде велат дека Акиов постојано бил јавно навредуван и омаловажуван, “само затоа што како Ром бара правда и зборува отворено“.
-Како партија, упатуваме прашање до сите институции и јавноста: До кога ромската заедница ќе биде мета на навреди, омаловажување и двоен аршин? Доста е!“, велат од ПЦЕР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советникот Акиов мора правно да одговара, вели градоначалникот на Кочани, Крстевски
Кој е советникот Аки Акиов кој удри службеничка во Општина Кочани со шише
Фото: Фејсбук/Акиов