Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите.
Со предлог-законот се предвидува линеарно зголемување на пензиите и тоа 1.000 денари оваа есен и 1.000 на пролет, т.е. дополнителни 2.000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредните шест месеци.