Петгодишно девојче принудувано на полови дејствија од 23-годишник од Волково

Маж на 23 години од скопско Волково е обвинет дека од мај до јули годинава, во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинителството поднесе обвинителен акт против него, бидејќи обезбедило докази дека обвинетиот маж извршил други полови дејствија со девојчето.

Надлежниот јавен обвинител до Судот поднел и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести