По продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базен во хотел Охрид, четири лица добиле силна кашлица, случајот е пријавен во МВР

Вчера во 17:31 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид било пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица, информираа од полицијата.

Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност.

По преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести