Почина 16-годишното момче од Идризово кое со мопед на 14.септември во селото Марино, Општина Илинден, удри во возило „хјундаи тусон“ со кое управуваше 36-годишниот Сашко Јанчев, пратеник на Левица од Гевгелија.
Информацијата за Канал 5 ја потврди неговото семејство.
Заедно со момчето на мопедот беше и 13-годишно девојче од истото село, а по несреќата со тешки повреди тие беа пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Јанчев и неговиот сопатник, 25-годишен маж од Вевчани, се здобија со полесни повреди и беа пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За Јанчев се води постапка за „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а од неговата партија соопштија дека тој не бил под дејство на алкохол и дека не возел над дозволената брзина, наведувајќи дека мопедот директно удрил во вратата на неговото возило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш