еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 62,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 64,50 денари.

Цената на дизелот останува 60 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на горивата е во просек за 0,98 проценти.

Новите цени на горивата ќе важат во следните две недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкав е уделот на Тетекс во добивката на ТТК Банка

Редакција

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на УЈП во сметките на граѓаните

Редакција

Во блок-трансакција продадени 1.100 акции од Комерцијална банка

Редакција