Почина 2-годишното дете кое беше погодено од заталкан куршум во Скопје

Почина 2-годишното дете кое на новогодишната ноќ во Скопје, беше погодено од заталкан куршум, додека неофицијално гледало огномет со неговата мајка.

Поради сериозните повреди во главата тоа беше префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде лекарите констатираа крварење во мозокот.

Засега нема официјални информации како се случила несреќата.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека е издадена наредба за обдукција на неговото тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бори за живот: 2-годишно дете во Скопје застрелано во главата

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести