Поранешниот градоначалник на Општина Кавадарци во два мандати и поранешен пратеник во македонското Собрание во два наврати, Панчо Минов, кој почина денеска, бил и носител на независна листа за престојните локални избори, објави државната агенција МИА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 67-годишна возраст почина Панчо Минов, поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник
Од Општинската изборна комисија (ОИК) Кавадарци за МИА велат дека ја известиле Државната изборна комисија (ДИК) и појаснуваат дека има законски пропишана постапка во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа.
-Мислам дека сѐ уште не се отпечатени ливчињата. Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај првпат сега имаме, вели за МИА, Емилија Петровска, претседател на ОИК.
Фото: Игор Бансколиев