Починато двомесечно бебе од страна на неговите родители од струшко, утрово било донесено на детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струга, информираа од Секторот за внатрешни работи Охрид.
Во болницата било направено реанимирање, по што доктор педијатар констатирал смрт.
Лекар од судска медицина направил обдукција и не биле констатирани траги на насилство.
Полицијата извршила разговор со родителите, а бил направен и увид во нивниот дом.
Причините за смртта треба да ги даде обдукцијата.
Фото: МЗ