Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за 0,5 денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
За 1 денар се намалува и цената на Еуродизелот (Д-Е V).
Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 74,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 77 денари по литар, а дизелот за 68,5 денари по литар.
Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Тоа поевтинува за 1,5 денари, а новата цена ќе изнесува 68 денари по литар.
И цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,2 денари, и истото ќе се продава за 39,9 денари за килограм.
Фото: Унсплеш