Вчера во дворот на средното училиште “Крсте Петков Мисирков“ од страна на полицијата беа легитимирани новинарските екипи на телевизијата Телма и порталот Сакам да кажам, кои ги следа случувањата во ушилиштето, кое е во фокусот на јавноста поради директорката Маја Лозановска, нејзиното разрешување и провалувањето во директорската канцеларија.
Како што информираа медиумите полицајци им ги запишале сите податоци од личните карти, од адреса и датум на раѓање, па дури и бројот на регистерска табличка од возила, иако новинарите носеле новинарски легитимации.
Реагираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Од таму изразија сериозна загриженост поради начинoт на постапување на полициски службеници кон новинарите.
Здруженијата испратиле официјален допис до Министерството за внатрешни работи (МВР).
– Сметаме дека вакви ситуации може да се протолкуваат како обид за вршење притисок врз новинарите, што е недозволиво мешање во нивната работа и нарушување на медиумските слободи, велат од ЗНМ и ССНМ.
Од МВР побарале итна и сеопфатна проверка на околностите, утврдување на законската основа за ваквиот вид постапување и одговорност доколку се потврди дека полициските службеници ги пречекориле своите овластувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училиштето во Демир Хисар има две директорки: Која е вистинската?
Фото: Унсплеш