Полицијата викендов фати 7 пијани “капетани“ во Охрид

Викендов (05/06.07.2025) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при Регионалниот центар запад, како и инспектори од Капетанија на пристаништата Охрид, реализирале засилени акциски мерки согласно Законот за внатрешна пловидба, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Притоа, во водите на Охридското езеро, кај 13 пловни објекти и 13 лица констатирани се 22 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, при што три лица се затекнати при управување скутер за време на забрана, евидентирани се седум случаи на управување на пловен објект без пловидбена дозвола, како и пет случаи на управување без стекнато уверение за управување пловило.

Исто така, алкотестирани се вкупно 16 лица и кај седум лица е утврдено присуство на алкохол во крвта. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР. 

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести