Министерството за транспорт и врски ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење за Град Скопје.
Од таму информираат дека на јавниот повик кој бил објавен на 17. јуни со краен рок за доставување на понудите до 24. јули, само една компанија доставила понуда.
По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набавка, утврдила дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик.