Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до пред Владата.
„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска протест на ССМ за зголемување на платата
Фото: МВР













