За трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека загинаа 62, а беа повредени 203 лица се уште се водат предистрага и истрага, потврди државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Предистрагата ја води Основното јавно обвинителство, а истата се однесува за други инкриминирачки дејствија во врска со трагедијата поврзани со други лица и институции
Тој потврди дека пораките кои пред неколку денови ги објави Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), а кои меѓудругото открија дека инспектори во Управата за јавни приходи (УЈП), Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и полициски службеници од Министерството за внатрешни работи имале блиска комуникација со сопствениците на т.н. дискотека, кои упатуваат на коруптивни дејствија, се само дел од доказите за оваа предистражна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно од тие лица кои беше спомнато во сторијата на ИРЛ е инспекторот на УЈП, Драган Паунов, кој е брат на Даниела Димовска, актуелна в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, каде ќе биде судењето за пожарот.
Тој не откри повеќе детали, бидејќи предистражната постапка е тајна, но рече дека овие докази стигнале во Обвинителството неколку недели по поднесувањеето на обвинението за пожарот, кое се уште не е одобрено од Основниот кривичен суд Скопје.
Истрагата пак ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а истата се води против 13 полициски службеници.
На овој предмет, како што информираше Коцевски, работи само еден јавен обвинител и за истиот се уште нема обвинение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ИРЛ објави необјавени снимки и документи од истрагата за пожарот во Кочани
Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев