Потрагата по Виктор Илиоски (40) од Прилеп заврши трагично. Неговата мајка Роза Илиоска информираше дека тој бил пронајден починат.
Информацијата ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од таму велат дека денеска во 16:00 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница – Прилеп е пронајдено лице без знаци на живот.
-Станува збор за В.И. (40) од Прилеп, велат од таму.
Од Итната медицинска помош била констатирана смрт на местото на настанот, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител.
По негова наредба, телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.
Од МВР посочуваат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување на околностите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезнатиот Виктор Илиоски, кој беше пронајден починат, беше татко на малолетно девојче
Од сабота е исчезнат Виктор Илиоски, семејството бара помош














