Во Кичево врнежите престанаа и нивото на реките е намалено, а состојбата во градската болница е нормализирана.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), евакуирани се 250 лица (62 семејства), на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства.
Поплавени се и земјоделски површини покрај речните корита во општината.
Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар бележат поголем број интервенции поради поплави и свлечишта.
Евидентирано е свлечиште на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата. Одронот претставува ризик за околните станбени објекти.
Големо свлечиште е регистрирано на улица 195, на патниот правец од селото Џепчиште кон селото Џермо. Патот е непрооден за цело маало.
Свлечиште е пријавено и на улицата „Прохор Пчински“.
Во селото Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.
Во Општина Желино, реката Вардар се излеа во селото Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат.
Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории во селото Теарце.
Во Општина Јегуновце поплавен е локалниот пат од селото Сиричино кон селото Јегуновце.
Во селото Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население.
Во Скопје е пријавена надојдена вода кај мостот во Јурумлери (граница меѓу општините Аеродром и Гази Баба), како и минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево – Ново Село, во Општина Зелениково.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓу евакуираните во Кичево и три бебиња и 58 деца
Фото: Општина Кичево














