Македонија2025 објавува повик за апликации за македонски микро, мали и средни компании заинтересирани да добијат бесплатна експертска поддршка преку Битов програмата за претприемачи.
Битов програмата за претприемачи се спроведува во партнерство со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization), канадска организација со повеќе од 50 години искуство во поддршка на економскиот развој и јакнење на приватниот сектор на глобално ниво.
Преку оваа програма, Македонија2025 и Catalyste+ заеднички работат на подобрување на конкурентноста и развојот на македонските компании. Програмата се реализира во Македонија од 2018 година, а досега поддршка добиле повеќе од 30 македонски компании.
Избраните компании ќе имаат можност да соработуваат со искусни канадски советници, професионалци со долгогодишно меѓународно искуство, кои ќе обезбедат практични совети и насоки за конкретни деловни предизвици и развојни можности, согласно потребите на компанијата.
Македонија2025 целосно ги покрива трошоците за ангажманот на советникот, како и неговото патување до Македонија. Компанијата учесник има обврска да обезбеди сместување, оброци и локален транспорт за советникот, доколку е потребно.
Кој може да аплицира?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании кои ги исполнуваат следните услови:
- Компанијата постои најмалку една година;
- Сопственикот и управителот на компанијата се македонски државјани и жители на Македонија;
- Компанијата има лице кое ќе биде директно вклучено во процесот, достапно за советникот и ќе соработува со него за време на посетата, со добро познавање на англиски јазик;
- Постои висока посветеност од страна на менаџментот за спроведување на препораките и промените;
- Компанијата е финансиски стабилна и има капацитет за имплементација на предложените активности;
- Компанијата ги исполнува критериумите за микро, мала или средна компанија.
Предност ќе имаат компании кои работат во следните области:
- туризам и угостителство;
- финансиски услуги;
- агро-бизнис;
- информатичко-комуникациски технологии (ИКТ);
- управување со природни ресурси;
- обновливи извори на енергија;
- прехранбена индустрија;
- и други сектори со потенцијал за раст и развој.
Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани, имаат потенцијал за раст и развиваат иновативни производи или услуги.
Повеќе информации за програмата, начинот на аплицирање и потребната документација можете да најдете ТУКА.
За искуствата и придобивките од учеството во програмата, погледнете ТУКА.
Краен рок за аплицирање: 31.08.2026 година
ПР-објава Фото/Unsplash














