Лим од заштитна ограда на градилиште во центарот на Скопје, повреди велосипедист.
„На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. „Даме Груев” во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште,” велат од МВР.
С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош.
Фото/Unsplash