Денеска во голем пожар изгореа неколку бараки на поранешната фабрика „Макотекс“ во скопски Карпош 4.
Пожарот е локализиран, а се гасеше од воздух и од земја. Беа ангажирани пет противпожарни возила, десетина пожарникари и еден авион.
Изгорените бараки се користеле за најразлични бизниси, од лимарија до печатење и текстил.
Фото/видео: Мета