Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, во Дрисла чади мал дел

Пожарот во рециклаторен погон во Трубарево е целосно изгаснат, а драстично е подобрена и состојбата во депонијата „Дрисла“, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Целата опожарена површина во Трубарево е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места слабо чадење, но врз истото веднаш е дејствувано со специјална пена и со дозатрупување со земја, односно по потреба и со песок,“ рече Ангелов.

На местото на пожарот, биле останати дежурни екипи на скопската противпожарна бригада, која ќе интервенира доколку има потреба за тоа.

Состојбата во Дрисла, исто така била подобрена, додавајќи дека останува уште еден мал дел што чади да биде дозатрупан.

„На тој начин се целосно затворени двата пожари, и пожарот во Трубарево и во депонијата „Дрисла“,“ потенцираше Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, едно лице транспортирано на Клиниката за токсикологија

Фото/Принтскрин видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести