Познат е идентитетот на мажот од Крива Паланка кој со автомобил влечеше куче по асфалт.
Се работи за 59-годишниот З.М. од Крива Паланка, кој вчера бил повикан на службен разговор во ОВР Крива Паланка, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Делото за кое доби пријава од МВР, од кое се згрози јавноста, го направил на магистралниот пат од селото Жидилово кон Крива Паланка, возејќи „фиат панда“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко фото) Куче врзано за автомобил го влечат по асфалт во Крива Паланка